сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лаутаро Мартинез постигна четири гола и испиша историја во Серија А

Лаутаро Мартинез постигна четири гола и испиша историја во Серија А

Интер синоќа славеше со 4-0 против Салернитана и се врати на победнички патеки во лигата, а сите четири гола беа дело на аргентинскиот голгетер Лаутаро Мартинез.

Мартинез влезе во игра во второто полувреме и за 27 минути постигна четири погодоци, а со тоа испиша и историја во Серија А.

Аргентинецот стана прв резервист кој постигнал четири гола во Серија А откако беа воведени три бода за победа.