Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го постигна единствениот гол за Наполи во поразот на италијанската екипа вечерва во Москва од Спартак со 2:1 (2:0) во рамки на петтото коло од групата Ц во Лига Европа.
За актуелниот лидер во Серија А ова е само трет пораз во сите натпреварувања оваа сезона., еден минатата недела во италијанското првенство против Интер и два во Лига Европа, и двата од московски Спартак.
Домаќините поведоа во 3 минута од пенал преку Александер Соболев, a во моментите кога Наполи беше блиску до израмнување на резултатот, Соболев со својот втор гол вечерва (28 минута) му донесе водство на Спартак од 2:0,
Наполи го преполови водството на домаќините во 64 минута преку Елмас, а македонскиот репрезентативец во завршните моменти од натпреварот имаше одлична шанса за втор гол, но чуварот на мрежата на Спартак спречи израмнување.
На tабелата водат Наполи и Спартак со по седум бодови, Легија има шест, а Лестер три бодови.