недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Леао: Милан сака да го освои Купот на Италија

Леао: Милан сака да го освои Купот на Италија

Напаѓачот на Милан, Рафаел Леао ги сподели своите размислувања по победата во четвртфиналето од Купот на Италија со Лацио (4:0).

– Покажавме извонредна игра. Вистински резултат. Сега сме во полуфинале, а Купот на Италија е натпреварувањето кое Милан сака да го освои. Секогаш сум подготвен да му помогнам на мојот тим со голови или асистенции, но најважно е тимот да стигне до целта, изјави Леао.

Леао на вчерашниот меч постигна еден гол и оствари една асистенција. Во полуфиналето на „Копа Италија“ Милан ќе се соочи со градскиот ривал Интер.