Медиумите во Италија најавуваат дека легендарниот Алесандро Дел Пјеро, е можен наследник на претседателската позиција кај Јувентус, откако Андреа Ањели најави повлекување поради неуспешниот обид да се формира Суперлигата.
Ањели трпи силни критики во јавноста, а најжестоки се навивачите на Јувентус кои бараат оставка од актуелниот претседател.
Дел Пјеро е миленик на навивачите, поранешен играч и капитен на Јувентус, тој моментно работи како стручен коментатор за една од најголемите спортски мрежи ЕСПН.