понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Легендата на Рома е нов селектор на репрезентацијата на Турција

Легендата на Рома е нов селектор на репрезентацијата на Турција

Винченцо Монтела, и официјално е нов селектор на репрезентацијата на Турција. Тој денес потпиша тригодишен договор, што значи дека ќе ја води селекцијата на Турција до Светското првенство во 2026-тата година.

Неговата прва цел е да ги подобри резултатите и да се пласира на Европското првенство следната година, а потоа и пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Монтела доаѓа на местото на Штефан Кунц кој доби отказ после ремито против Ерменија на домашен терен .