Во Италија се шпекулира дека наскоро Андреа Ањели ќе си даде оставка во италијанскиот фудбалски шампион Јувентус. Неговата одлука доаѓа по заминувањето на Ед Вудворд од Манчестер Јунајтед како прв оперативец во оваа екипа.
Амбициозниот проект предводен од Флорентино Перез се чини дека ќе биде стопиран кога е во прашање Супер Лигата.
Тоа ќе ја исполни желбата на фудбалскиот свет, кој буквално се крена против Суперлигата која требаше да ги вклучува само најбогатите клубови во Европа.