Лидерот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин ќе се опоравува во наредните три месеци, објавија од „Етихад“.
Дваесет и седум-годишниот белгиски репрезентативец заработи повреда на лигаментите на десното колено на тренингот во средата. Лекарите сепак одлучиле дека операција не е потребна. Халфот ќе биде третиран со одмор и физиотерапија.
Де Бруин, кој забележа 12 погодоци и 21 асистенција во минатата сезона во Премиерлигата, ќе ги пропушти клучните судири со Ливерпул (7-ми октомври), Тотенхем (28 октомври) и Манчестер Јунајтед (11 ноември).
МИА