Според информациите на Фабрицио Романо, човек кој има правовремени информации во врска со трансферите во светот на фудбалот, се уште актуелниот англиски шампион го договори трансферот на Ибрахима Конате.
Споменатиот извор уште пред една недела известуваше за овој трансфер, но тогаш истиот беше далеку од договорено, првенствено бидејќи Лајпциг инсистираше на откупната клаузула.
Трансферот сега е многу блиску до официјализација. Конате прифати петгодишен договор и Ливерпул во следните денови на сметката на Лајцпиг ќе уплати онолку колку што „Биковите“ бараа од почетокот, околу 35.000.000 евра, пишува Романо. А Јулијан Нагелсман ќе остане без својот стоперски тандем.