вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ливерпул го одби Јувентус за Фирмино

Ливерпул го одби Јувентус за Фирмино

Англискиот Ливерпул ја одби понудата на Јувентус за бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино.

„Бјанконерите“ понудија 23 милиони евра, но Ливерпул нема желба да се раздели со Бразилецот ова лето, иако договорот му истекува по една година

Јувентус планира да ја зголеми понудата за напаѓачот, а доколку Фирмино изрази желба да си замине тогаш Ливерпул нема да му пречи.

Бразилецот минатата сезона имаше мала улога на „Енфилд“. Го мачеа повреди, а имаше и голема конкуренција во Мохамед Салах, Садио Мане, Диого Жота и Луис Дијаз.