Тимот на Ливерпул синоќа со убедливи 5:2 ја совлада Рома на „Енфилд“ во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите.
Мохамед Салах беше играч на натпреварот, откако во првото полувреме постигна два гола за Ливерпул, а во вториот дел асистираше при реализацијата на уште два погодока.
Во 36. минута Салах им донесе водство на домаќините од 1:0, а пред крајот на првиот дел повторно беше прецизен за предност од 2:0.
Во второто полувреме Садио Мане по асистенција на Салах во 56. минута го зголеми водството на убедливи 3:0 за Ливерпул, а пет минути подоцна Салах му ја додаде топката и на Роберто Фирмино за 4:0.
Во 69. минута Џејмс Милнер изведе корнер, а Фирмино погоди за 5:0.
Един Џеко во 81. минута намали на 5:1, а во 85. минута Милнер играше со рака по што беше досуден пенал кој Диего Пероти го реализираше за конечни 5:2.
Ливерпул со огромна предност ќе замине на реваншот во Рим, кој се игра идната среда на втори мај.