Работнички зајакна со двајца српски фудбалери Љубомир Стевановиќ (31) и Душан Стевиќ (22), кои во изминатиот период настапуваа во Грција.
Стевановиќ е играч од средниот ред, а претходно во Македонија има настапувано за Металург, а потоа беше дел од грчките клубови Калони, Трикала и Арис. Тој потпиша едногодишен договор со Работнички.
Душан Стевиќ игра на позицијата десен бек и потпиша двегодишен договор со Работнички. Тој кариерата ја почна во Раднички Крагуевац, а изминатите две години настапуваше за грчкиот клуб Пансераикос.
Претходно, нови членови на Работнички станаа и Оливер Пеев и Филип Петковски.