петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лоша и добра вест за Лукаку

Лоша и добра вест за Лукаку

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку никако да врзе континуитет на натпревари, поради повреда тој ќе го пропушти и мечот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен.

Лошата вест за Лукаку е тоа што заработи нова повреда, добрата е тоа што сепак нема да го пропушти Светското првенство.

Ова е втора повреда за Лукаку во последните два месеци, за среќа оваа не е сериозна, па се очекува тој брзо да се врати.

Напаѓачот сигурно нема да биде во комбинација за мечот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, а неизвесен е и за следните дуели од Серија А.

Сепак информациите велат дека тој со сигурност ќе биде подготвен за настапот на Светското првенство.