Екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Јуајтед ремизираа на нивниот прв меѓусебен натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите. На „Ванда Метрополитано“ резултатот беше 1:1, а сигурни посреќни со конечниот исход ќе бидат гостите од Англија.
Причината за тоа е што Атлетико Мадрид имаше повеќе шанси за победа, а ја имаше и контролата над резултатот откако уште во 7. минута поведе преку Жоао Феликс.
Антони Еланга кој влезе како резерва на оваа средба ги постави конечните 1-1. На вториот вечерашен натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите, одигран во Лисабон, Бенфика и Ајакс исто така ремизираа 2-2.
Патниците во четвртфиналето од двете средби и дефинитивно ќе бидат познати по одигрувањето на реванш средбите кои на програмата се за три недели.