Англискиот фудбалски тим Манчестер сити убедливо го совлада Спортинг на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со резултта 5-0.
„Граѓаните“ ја оправдаа фаворитската улога во Лисабон и реваншот на „Етихад“ би требало само формалност за играчите на Пеп Гвардиола и рутински ја одработат задачата до пласманот во четвртфиналето.
Силва двапати се запиша во листата на стрелците во 17 и 44 минута, можеше да запише хет-трик во 50 минута, но тој погодок беше поништен поради офсајд.
По еден гол на стадионот „Жозе Алваладе“ запишаа Марез во седмата, Фоден во 32 и Стерлинг во 58 минута. Возвратната пресметка ќе се одигра на 9 март во Манчестер.