Шпанија се уште не го потврдила пласманот во осминафиналето на СП во Катар, а во последното коло ќе треба да освои барем бод против Јапонија.
Селекторот Луис Енрике има квалитетен ростер и можност за ротации, но уште отсега е јасно дека ќе одмори еден искусен фудбалер.
Се работи за Серхио Бускетс, многу важен играч за Шпанија и филозофијата на селекторот, а кој ќе одмори на третата средба од групната фаза.
Бускетс има и жолт картон, а сигурно му е потребен и одмор, па Енрике не сака да ризикува ништо во пресрет на очекуваното осминафинале.
Шпанските медиуми претпоставуваат дека за негово место ќе конкурираат Родри и Коке, но таа одлука ќе биде донесена дополнително.