недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Енрике пред промоција на селекторската функција на Бразил

Луис Енрике пред промоција на селекторската функција на Бразил

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Еналдо Родригез, следната недела треба да отпатува во Европа за да се сретне со потенцијалните кандидати за селектор, а Луис Енрике е еден од кандидатите во потесниот круг.

Поранешниот селектор на Шпанија не е единствениот на списокот на Родригез, на кој се наоѓаат некои познати имиња како актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, иако Италијанецот инсистираше на тоа дека неговата намера е да го исполни договорот со „кралскиот клуб“.

Поранешниот селектор на Бразил, Тите, одлучи да се повлече по изненадувачката елининација на „селесао“ во четвртфиналето на Светското првенство, додека Луис Енрике беше отпуштен по големото разочарување на Шпанија во истата фаза од Мароко.