Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ се уште не го продолжува договорот со мадридски Реал кој му завршува на крајот од сезоната.
Реал одолговлекува со нов договор, што навестува декахрватскиот репрезентативец е на чекор од заминување од клубот. А, негова веројатна следна дестинација, пренесуваат шпанските медиуми, е торински Јувентус.
„Старата дама“ на крајот од сезоната би можела да го промени тренерот, и на местото на Масимилијано Алегри да дојде Зинедин Зидан, поранешниот тренер на Реал, кој пак и тоа како има позитивно мислење за Модриќ кого го водеше од почетокот на 2016 година па до крајот на сезоната 2017/18 и потоа од почетокот на 2019 година до крајот на сезоната 2020/21.
„Преселбата на Зидан во Јувентус би значела преселба и на Модриќ кој има одличен однос со Зидан. Контакти се уште нема официјално, но се е отворено“ – пишуваат шпанските медиуми.