петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку: Интер се уште може да освои два трофеja

Лукаку: Интер се уште може да освои два трофеja

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку зборуваше за опциите на тимот за остатокот од сезоната. Синоќа неговиот тим го победи Сасуоло (4:2) во натпреварот од 35. коло на Серија А.

– Сасуоло секогаш ни задава многу проблеми. Тренерот ни ја објасни важноста на овој натпревар. Беше важно да се победи овој натпревар, бидејќи беше од витално значење. Играме добро и мора да продолжиме во истиот дух. На физички план, секогаш можеме да се подобриме, добро ни оди, постигнуваме многу голови, секој играч дава максимум, можеме да освоиме уште два трофеја. Во вторник ќе имаме многу тежок натпревар и мораме да се подготвиме за тоа. Колку сакам да играм? Како и сите други, но изборот за тимот треба да го направи тренерот, јас сум на располагање, изјави Лукаку.

Белгиецот беше стрелец на два гола во победата над Сасуоло.

Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите во вторник ќе игра против Милан. Првата средба заврши со резултат 2:0 за Интер.

„Нероазурите“ на 24 мај ќе се соочат со Фиорентина во финалето на Купот на Италија.