вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Лукаку подготвен за трансфер во Милан

Лукаку подготвен за трансфер во Милан

Ромалу Лукаку минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во Интер. Интер нема да го откупи неговиот договор, што значи дека напаѓачот мора да се врати во Лондон. Италијанските медиуми, тврдат дека тој експресно ќе се врати во Италија.

Ромалу Лукаку е подготвен во исто време да направи спектакуларен трансфер и големо предавство.

Медиумите на Апенинскиот полуостров се убедени дека тој ќе потпише договор со Милан. Според овие извори Милан веќе ги започнал преговорите со Челси.

Парите за трансферот на Лукаку, Милан ќе ги обезбеди со продажбата на Сандро Тонали. Младиот играч за врска е блиску до преселба во Њукасл за сум од околку 75.000.000 евра.