Ромелу Лукаку го постигна единствениот гол во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на „Џузепе Меаца“, каде Интер го совлада Порто. Белгиецот влезе од клупата и стана херој на „нераѕурите.
„Вложив сè во тој финиш. Сакавме да победиме, а можевме да постигнеме и втор гол. Сепак, најважна е победата да биде обезбедена.Важно е што победивме, не ми е толку важен индивидуалниот настап. Фокусот е да дадам се од себе за Интер. Среќен сум што Барела ми асистираше, затоа што тој е првиот човек што би го понел да војува со него“, рече Лукаку,
Овој погодок е само трет за белгискиот напаѓач оваа сезона, втор во четири дена.