Ромелу Лукаку е многу блиску до преселба во Рома откако римскиот клуб постигна договор со Челси за едногодишна позајмица на овој фудбалер.
Челниците на Рома викендов отпатуваа за Лондон на директни преговори со „сините“, по што дводневните преговори вродија со плод, па Челси на крајот ја прифати понудата од пет милиони евра за едногодишна позајмица.
За трансферот да биде комплетиран неопходно ќе биде и Лукаку да се согласи на намалување на платата од 7,5 милиони евра што му следи според договорот со Челси, а Белгиецот веќе најавил во разговор со Жозе Мурињо дека е подготвен да го стори тоа за што поскоро да се пресели на „Олимпико“.