Напаѓачот на англиски Тотенхем, Лукас Моура беше повикан во репрезентацијата на Бразил по повеќе од две години отсуство, откако го зазема местото на повредениот напаѓач на Гремио – Евертон.
Дваесетишестгодишниот Моура се приклучи на „селесао“ за натпреварите со Саудиска Арабија и Аргентина. Тој ќе ги запише првите минути од Копа Америка во 2016 година.
Бразил гостува на Саудиска Арабија во петок во Ријад, а тимот се собира денес. Четири дена подоцна „кариоките“ ќе се сретнат со Аргентина на стадионот во Џеда.
– Лукас е играч кој е вистински мотивиран и знаеме дека ги чека овие покани со огромно нетрпение, објасни техничкиот координатор на Бразилската фудбалска конфедерација Еду Гаспар, кој ја соопшти веста.
МИА