вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мајнц суспендираше фудбалер поради објава поврзана со војната меѓу Израел и Хамас

Мајнц суспендираше фудбалер поради објава поврзана со војната меѓу Израел и Хамас

Германскиот фудбалски клуб Мајнц го суспендираше денеска холандскиот напаѓач Анвар ел Гази (28) поради „неприфатлива“ објава на социјалните мрежи во врска со војната меѓу Израел и движењето Хамас.

Мајнц на својот официјален сајт објави дека го „разрешил Анвар ел Гази од неговите обврски за тренинг и натпревари“ поради објавата која ја сподели на социјалните мрежи во неделата, а потоа ја избриша.

Германскиот клуб не наведе што пишувало во објавата, ниту пак кога фудбалерот ќе се врати на клупските обврски.

„Во објавата, Ел Гази изнесе мислење за актуелниот судир на Блискиот исток кое клубот го смета за неприфатливо. Пред донесување на одлуката, клубот и играчот одржаа темелен разговор“, објави Мајнц.

Претходно денеска францускиот клуб Ница го суспендираше својот играч Јусеф Атала, кој, наводно, споделил видео на социјалните мрежи со антисемитска содржина во врска со судирот во Израел и Појасот Газа.  (МИА)