Македонската фудбалска репрезентација вечер на гостински терен против Гибралтар ќе стартува во новото УЕФА натпреварување – Лига на Нации.
„Црвено-жолтите“ се апсолутен фаворит на овој натпревар и секој исход освен победа ќе значи големо изненадување.
Македонија се наоѓа на 70. место на ФИФА рејтинг листата, а Гибралтар е на 195. позиција.
Сепак избраниците на селекторот Игор Ангеловски се претпазливи, имајќи ги во предвид некои неочекувани резултати со аутсајдерите во минатото. Затоа капитенот Горан Пандев побара од сите што ќе истрчат на теренот, максимално залагање и во никој случај да не се потценува противникот.
Натпреварот на „Викторија Стадион“ почнува вечер во 20:45 часот.
Покрај овие две селекции во Група 4 уште се наоѓаат и: Ерменија и Лихтенштајн.
Само првопласираната репрезентација ќе обезбеди пласман во следната фаза.
МИА