Актуелниот англиски и европски шампион Манчестер сити ги договори личните услови сп Јошко Гвардиол и наскоро ќе започне преговори со Ред Бул Лајпциг, објави новинарот кој е експрерт за трансфери, Фабрицио Романо.
Романо објави дека Хрватот ја прифатил понудата на Граѓаните за висината на платата и должината на договорот.
Сити во наредните денови ќе започне преговори со тимот Ред Бул Лајпциг кој бара 100 милиони евра отштета.
Засега Сити е подготвен да плати 90 милиони евра, но за очекување е да се најдат на средина и Граѓаните да понудат дополнителни бонуси.
Кога ќе се договорат двата тима, Јошко Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Актуелен рекордер е Хари Мегваер за кого Манчестер јунајтед на Лестер му плати 87 милиони евра.