петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер сити ја објави сумата за откуп на Стерлинг

Манчестер сити ја објави сумата за откуп на Стерлинг

Манчестер сити се одлучи за сумата за која е подготвен да го ослободи играчот од средниот ред Рахим Стерлинг. Фудбалерот може да ја продолжи кариерата во Челзи.

Според новинарот Мајк Киган, „граѓаните“ бараат 64 милиони евра за 27-годишниот Англичанец.

За фудбалерот е заинтересиран лично тренерот на Челзи, Томас Тухел.

Стерлинг минатата сезона одигра 47 натпревари за Манчестер сити, постигна 17 гола и пет асистенции.

Договорот на 27-годишниот напаѓач со клубот од Манчестер е до 30 јуни 2023 година.  (МИА)