вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер сити потпиша со дефанзивец од Андерлехт

Манчестер сити потпиша со дефанзивец од Андерлехт

Англискиот фудбалски првак Манчестер сити го претстави денеска своето ново засилување во името на левиот бек Серхио Гомез (21), кој дојде од белгиски Андерлехт за сума од 13 милиони евра.

Гомез претходно настапуваше за Барселона Б, Борусија Дортмунд и Хуеска, а во Манчестер сити дојде како замена за Украинецот Олександр Зинченко, кој замина за Арсенал.

Тимот на Пеп Гвардиола претходно ја загуби битката со Челзи за услугите на Марк Кукуреља, по што се одлучи за поевтина варијанта на позицијата лев бек.

Гомез ги мина сите младински репрезентативни категории на Шпанија во кои тогаш настапуваше како офанзивен играч за врска.  (МИА)