Челниците на Манчестер Сити ќе му понудат продолжување на договорот на Бернардо Силва, бидејќи менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола го смета за еден од најдобрите фудбалери во тимот и во Премиер лигата.
Силва во Манчестер сити пристигна во 2017 година од Монако и досега за „граѓните“ одигра 254 натпревари и постигна 48 голови. Со „граѓаните“ освои 11 трофеи.