четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер сити сè уште се надева дека ќе го задржи Сане

Манчестер сити сè уште се надева дека ќе го задржи Сане

Манчестер сити не ги губи надежите дека може во своите редови да го задржи напаѓачот Лирој Сане.

Според „Телеграф“ раководството на премиерлигашот ќе направи уште еден обид и ќе му предложи нов договор на 24-годишниот Германец.

Претходно, тренерот на Манчестер Сити, Јосеп Гвардиола изјави дека Сане не го обнови договорот и сака да го напушти тимот.

Познато е дека фудбалерот сака да замине во Баерн. Тимот од Минхен е подготвен за него да плати 40 милиони евра, додека Сити инсистира на сума од 70 милиони евра.

Изворот тврди дека Манчестер зазел принципиелна позиција и поверојатно ќе му дозволи на играчот да замине бесплатно, отколку да попушти на Баерн на преговорите.

Дваесет и четиригодишниот Германец ги скина лигаментите на коленото во првиот натпревар од тековната сезона – Суперкупот на Англија против Ливерпул. Сане повторно се појави на теренот во натпревар со Барнли на 22 јуни. (МИА)