Управата на Манчестер Сити сериозно размислува на темата како да го задржи неверојатниот Ерлинг Халанд во своите редови.
„Граѓаните“ се подготвени да му понудат нов договор со кој Халанд ќе стане убедливо најплатениот играч во Премиер лигата со неделна плата од половина милион фунти.
Во моментов најмногу заработува исто така играч на Сити, а тоа е Кевин де Брујне кој заработува 400.000 фунти неделно.
На овој начин Манчестер Сити сака да го „забетонира“ престојот на Халанд во нивниот клуб и да го задржи до 2028 година, изјавуваат неколку англиски медиуми.