вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манчестер Сити тргнува по Барела

Манчестер Сити тргнува по Барела

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е заинтересиран за ѕвездата на Интер, Николо Барела.

Барела веќе две сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Интер имаше финансиски проблеми, но претходните денови ги продаде Андре Онана и Брозовиќ, па тешко дека ќе дозволи заминување на Барела.

Гвардиола е импресиониран од класата и лидерските квалитети на 26-годишниот Италијанец и сака да го донесе на „Итихад“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер сака да го задржи, но нема да може да одолее на понуда од 80 милиони фунти.