недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Манџукиќ верен на „Старата дама“, потпиша нов договор до 2021-ва година

Манџукиќ верен на „Старата дама“, потпиша нов договор до 2021-ва година

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ и официјално го продолжи договорот со Јувентус до јуни 2021. година.

Со оглед на фактот дека напаѓачот има 34 години, не би било изненадување да ја заврши кариерата во дресот на најтрофејниот италијански клуб.

Договорот помеѓу двете страни беше постигнат уште минатиот месец, а се официјализираше денеска.

Манџукиќ минатото лето се закити со сребрениот медал на СП во Русија, со репрезентацијата на Хрватска, по што се прости од „коцкестиот“ дрес. Хрватот е мајстор за големи натпревари, а тоа го докажа сезонава во која постигна осум погодоци, од кој два се против Наполи и по еден против Рома, Лацио, Интер и Милан.