вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мане го напушта Минхен и се враќа во Ливерпул?

Мане го напушта Минхен и се враќа во Ливерпул?

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане по една сезона во Баерн Минхен би можел повторно да го облече дресот на Ливерпул каде што играше со многу успех во претходните години.

Мане пред неколку дена се степа со неговиот соиграч Лирој Сане по дебаклот од Манчестер сити (0-3), по што доби суспензија и парична казна.

Англиските медиуми пишуваат дека Мане воопшто не е среќен во Минхен и сака да си замине од баварскиот гигант, а наводно во следниот период ќе има преговори за да се врати на „Енфилд“.

Мане под водство на Јирген Клоп стана еден од најдобрите фудбалери во Европа. Тој за Ливерпул одигра 196 натпревари и постигна 90 голови.