Досегашниот фудбалер на Ливерпул, Садио Мане е уверен дека Баерн е вистинскиот избор за продолжување на неговата кариера.
– Веднаш се возбудив кога мојот агент првпат ме извести за интересот на Баерн. За мене ова е вистинскиот клуб во вистинско време. Баерн е еден од најголемите клубови во светот, кој секогаш се бори за сите трофеи. Така што, да беше добра идеја и правилна одлука да дојдам овде. Агентот ми кажа дека имало барања и од други тимови. Но, за мене сè беше готово кога Баерн ми го претстави својот план. Во нивниот проект можев да се видам себеси подобро отколку во сите други. Секое дете, секој фудбалер во светот сонува да ја освои Лигата на шампионите. Сега сум во многу конкурентен тим. Сепак, сега е рано да се зборува за финалето на Лигата на шампионите, не сме одиграле ниту еден натпревар заедно. Ќе вложиме максимални напори за да стигнеме до целта, изјави Мане.
Трансферот на играчот од средниот ред се очекува официјално да биде потврден во текот на денешниот ден.