Честитки од сите страни пристигнуваат на адресата на македонските фудбалери за историската ноќ во Палермо. Избраниците на Благоја Милевски ја елиминираа големата Италија и го продолжија својот сон за учество на Светското првенство во Катар.
Нашите фудбалери одиграа одличен натпревар во Палермо и го надмудрија фаворизираниот противник, а по последниот судиски свиреж следеше големо славје и бројни честитки. Ракометните асови од Македонија испратија неизмерни честитки за големиот успех на „рисовите“, а највпечатлива беше таа на Стојанче Стоилов кој напиша „МАНГУПИШТА“.
Еве дел од честитките на македонските ракометари: