Капитенот и незаменливиот помеѓу стативите ја одбил понудата за нов договор, објави германски „Кикер“. Договорот на Ноер исто така истекува летото 2023 година. Според информациите Ноер не бил задоволен од должината на соработката која му била понудена.
„Кикер“ пренесува дека добил понуда за продолжување на договорот за една година, до 2024, а искусниот голман сака договор на барем три години.
Од друга страна во Баерн сметаат дека во наредните години може да опадне квалитетот на Ноер и не се спремни да му понудат долгорочна соработка.
Со Баерн Ноер освои дури 27 трофеи, два пати ја освојуваше Лигата на шампионите, го освои и Светското првенство во Бразил во 2014 година. Сепак, за Германците е познато дека не се премногу сентиментални, кај нив најмногу се почитува тоа што си во овој момент.