понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марадона ја повлече оставката од Ал Фуџаира

Марадона ја повлече оставката од Ал Фуџаира

Фудбалската легенда Диего Марадона ја повлече оставката и ќе остане тренер на Ал Фуџаира од ОАЕ. Педесет и седум-годишниот Аргентинец го продолжи својот договор со клубот уште една година.

Марадона ја презеде Ал Фуџаира пред само една година, но поднесе оставка минатата недела откако не успеа да го доведе својот тим до директна промоција за елитната дивизија на ОАЕ.

Аргентинецот во својата тренерска кариера досега беше тренер и на Мандиу де Кориентес, Расинг (Авељанеда), репрезентацијата на Аргентина, Ал Васл (ОАЕ) и сега Фуџаира. Сепак, како тренер, нема значајни постигнувања, а најголемото е четвртфиналето на Светското првенство 2010 година.