Ријад Марез и официјално е нов член на Манчестер Сити и тој е првото засилување за англискиот шампион во летниот преоден рок.
Висината на трансферот на Марез од Лестер во Сити е 60 милиони евра, 10 повеќе од сумата која не беше доволна за овој трансфер да се реализира во јануарскиот рок.
27-годишнито Алжирец со „граѓаните“ потпиша петгодишен договор.
Марез во Лестер беше од 2014 година и заедно со Варди беа најзаслужните за шампионскиот трофеј од Премиер лигата освоен во сезоната 2015/16.