вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Маркус Турам потпиша за Интер

Маркус Турам потпиша за Интер

Откако му истече договорот со бундеслигашот Борусија од Менхенгладбах својата кариера францускиот напаѓач Маркус Турам одлучи да ја продолжи во Италија, потпишувајќи договор со Интер, објави денеска клубот од Милано.

Трансферот на Турам во италијанскиот гигант е мало изненадување, бидејќи се очекуваше тој да му се приклучи на францускиот шампион ПСЖ.

Сепак, Турам на крајот ја одби понудата од парискиот клуб и одлучи да потпише за Интер, кој изминатата сезона играше во финалето на Лигата на шампиони во кое загуби од Манчестер сити.

Интер и следната сезона ќе биде дел од елитното европско клупско натпреварување, откако сезоната во Серија А ја заврши на третото место.