понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Марсело: Знаеме како да го спречиме Салах

Марсело: Знаеме како да го спречиме Салах

Бекот на Реал Мадрид, Марсело пред вечерашното финале на фудбалската Лига на шампионите против Ливерпул, изјави дека „белите“ се гладни за нови успеси и дека сакаат да го освојат трофејот по третпат.

– Ние сме гладни за нови успеси. Ние сме амбициозни да триумфираме повторно во Лигата на шампионите. Финалињата од претходните години веќе се минато, прокоментира Марсело.

Тој се осврна на играта на вечерашниот противник како и на ѕвездата на тимот, Мо Салах.

– Двете екипи многу напаѓаат. Важно е како ќе стартуваме во натпреварот. Знаеме како треба да играме за да постигнеме краен успех. На крајот ќе видиме што ќе се случи. Знаеме како игра Салах и знаеме што да правиме за да го спречиме. Тој направи одлична сезона, но Ливерпул е многу добар тим и не можеме да се концентрираме само на два или три играчи, вели тој.

МИА