петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мартинез: Разочаран сум од поразот на Аргентина, ова многу болеше

Мартинез: Разочаран сум од поразот на Аргентина, ова многу болеше

Лаутаро Мартинез е разочаран по поразот на Аргентина во првиот натпревар на Светското првенство во 2022 година.

– Загубивме поради грешките направени во вториот дел. Ваквите детали ја прават разликата. Мора да ги исправиме грешките. Требаше да постигнеме повеќе од еден гол во првото полувреме. Многу болно. Навистина сакавме да го започнеме Светското првенство со победа. Но, сето ова веќе се случи. Сега треба да тренираме и да размислиме што ни претстои. Ова е Светско првенство, па останатите два натпревара во групата за нас се две финалиња, изјави напаѓачот на аргентинската репрезентација по денешниот поразот од Саудиска Арабија (1:2).

Во следниот натпревар на Светското првенство Аргентина ќе игра со Мексико на 26 ноември.