На изненадување на многумина, Ливерпул во моментов е на чело на Премиер лигата со еден бод повеќе од Манчестер сити. Сепак, според експертите од „Спортинг индекс“, тимот на Јирген Клоп на пролет нема да ја освои титулата, туку истата ќе остане кај „граѓаните“ од Манчестер.
Порталот „Спортинг индекс“ се занимава со математичко предвидување на резултатите, а според него Манчестер сити ќе ја освои шампионската титула со 97 бода, со пет бода повеќе од Ливерпул.
Во Лигата на шампионите, покрај Сити и Ливерпул, ќе изборат Тотенхем и Челси. Овие два тима ќе освојат по 79 бода. Зад нив ќе се пласираат Арсенал (73) и Манчестер Јунајтед (69). По завршувањето на сезоната од Премиер лигата во Чемпионшип ќе се преселат Барнли, Фулам и Кардиф.