Доскорешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ би требало утре да потпише едногодишен договор со Рома, јавуваат италијанските медиуми.
Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо тврди дека Матиќ во понеделник ќе допатува во Рим, а по медицинските прегледи ќе следи потпишување на договорот.
Српскиот фудбалер официјално ќе биде претставен како засилување на Рома, а во клубот пристигнува без обештетување.
Матиќ по трет пат ќе соработува со Жозе Мурињо кој ја предводи Рома. Веќе заедно двајцата имаат соработувано во Челси и Манчестер Јунајтед.