Актуелниот лидер и бранител на трофејот во италијанскиот фудбал, Јувентус, е подготвен да се раздели со голем број играчи заради ажурирање на тимот ова лето, пренесува „Тутоспорт“.
Според изворот, „Торинците“ се подготвени да ги ослободат Гонзало Игуаин, Федерико Бернардески, Сами Кедира, Блез Матуиди и Даниеле Ругани. Управата на клубот е подготвена да најде играчи кои одговараат на визијата на Маурицио Сари, како и да ја намалат просечната старост на тимот.
Другите изнајмени играчи на Јувентус, како Лука Пелегрини и Кристијан Ромеро, ќе бидат продадени или искористени како дел од договорот.
Претходно беше објавено за размена на Миралем Пјаниќ во Барселона за Артур Мело. (МИА)