среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе: Не сакав да играм за Франција зашто ме нарекуваа – мајмун!

Мбапе: Не сакав да играм за Франција зашто ме нарекуваа – мајмун!

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Килијан Мбапе објасни зошто минатото лето го „измами“ Реал Мадрид и остана во ПСЖ, а притоа раскажа и дека планирал да се повлече од репрезентацијата на Франција.

Мбапе долго време беше главна тема во медиумите затоа што беше блиску до потпис со актуелниот шпански и европски првак, но сепак на крајот реши да остане во составот на парижаните.

Веќе е познато дека дури и францускиот претседател Емануел Макрон интервенирал во целата ситуација и го замолил Мбапе да остане во ПСЖ.

„Макрон ми се јави и ми кажа дека е свесен за мојата желба да го напуштам Париз, но ме замоли да останам во ПСЖ затоа што имам шанса да испишам историја“, вели Мбапе.

Напаѓачот на францускиот гигант се присети и на навредите и критиките на француската јавност поради што планирал да се повлече од репрезентацијата.

„Размислував да се повлечам од репрезентацијата. Не сакав да играм за Франција затоа што ме нарекуваа мајмун“, открива францускиот напаѓач.