петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мбапе постави рекорд во репрезентативниот дрес

Мбапе постави рекорд во репрезентативниот дрес

Репрезентацијата на Франција синоќа ја совлада Јужна Африка со 5:0 во пријателски натпревар. Средбата се играше во Лил. Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе беше двоен стрелец и асистираше.

Така, Мбапе стана првиот Французин во 21 век кој постигнал најмалку два гола за националниот тим во пет последователни натпревари.

Покрај тоа, тој стана првиот играч во историјата кој постигнал гол и асистенција на 5 последователни натпревари за националниот тим.