Смртта на Кралицата Елизабета Втора предизвика многу неочекувани фудбалски проблеми во Англија. Најсилните клубови во земјата и без тоа се жалеа за пренатрупаниот распоред кој го имаат, а сега се во дополнителни проблеми, откако викендов беше одложено колото, како почит кон починатата 96-годишна Кралица.
Според протоколот погребот на Кралицата Елизабета Втора треба да биде на 19 септември (недела), што може да предизвика нови проблеми за Премиер лигата и останатите пониски лиги.
Поради погребот, најверојатно и тој викенд нема да има фудбал во Лондон, а интересно е дека за тоа коло се закажани три меча во главниот град на Англија. Челзи треба да биде домаќин на Ливерпул во дербито на 18 септември (сабота), а уште треба да играат и Тотенхем – Лестер и Брентфорд – Арсенал.
Поради безбедносните протоколи направени како подготовка за погребот на Кралицата, најавите се дека овие мечеви или ќе бидат одложени или ќе се направи некое компромисно решение да се играат надвор од Лондон. Сите останати мечеви кои следниот викенд треба да се играат во Англија, а не се во Лондон, треба да се одиграат без никаков проблем.
Посто опција и за Ливерпул да биде домаќин место Челзи, но тоа е малку веројатно затоа што челниците на Црвените имаат многу малку време за организирање на еден вавов дерби дуел и за продажба на билетите за евентуален таков меч.