петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Медиуми: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Медиуми: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и челниците на Јувентус постигнаа договор италијанскиот фудбалски гигант да не настапува следната сезона во европските купови, објави денеска римскиот весник „Кориере дело Спорт“.

Италијанскиот весник тврди дека Јувентус побарал, а УЕФА прифатила, клубот од Торино да биде исфрлен од Конференциската лига за сезоната 2023/24. Јувентус, исто така, побарал сега да плати парична казна за да нема проблеми да настапува во Лигата на шампиони во сезоната 2024/25 под услов да избори пласман во елитното европско клупско натпреварување.

УЕФА разгледуваше казна за Јувентус поради кршење на финансискиот фер-плеј, а во италијанскиот клуб стравуваа дека казната би можела да биде жестока, па поради тоа се спогодија и избегнаа построги санкции.

Место на Јувентус во Конференциската лига ќе го пополни Фиорентина, која заврши осмопласираната изминатата сезона во Серија А.  (МИА)