Американскиот фудбалер Вестон Мекени официјално е нов играч на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед.
Крилниот играч доаѓа во најдобрата лига на Островот на позајмица до крајот на сезоната и таа ќе тежи 1,5 милиони евра.
А потоа, Лидс ќе може да го откупи за 35 милиони евра. Во договорот постојат и други клаузули врзани со неговиот придонес во тимот.
Вкупната сума за трансферот на Мекени од Јувентус во Лидс ќе дојде до 41,5 милиони евра кога ќе се сумираат сите работи. 24-годишниот Американец во Јувентус играше од 2020 година, а претходно беше дел од Шалке 04.