сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Мертенс по девет години го напушта Наполи

Мертенс по девет години го напушта Наполи

Екипата на Наполи по девет години ќе се раздели со еден од своите најдобри фудбалери Дрис Мертенс.

Првиот човек на клубот Аурелио де Лаурентис потврди дека белгискиот интернациналец нема да добие нов договор.

Мертенс во Неапол пристигна  во 2013 година од редовите на ПСВ Ајндховен. Низ годините запиша многу рекорди, меѓу кои се издвојува еден, кој го прави најдобар стрелец во историјата на клубот со 148 погодоци на 397 меча.

Негова следна дестинација би можела да биде екипата на Лацио.